Што му се случува на Дембеле? Го платија 105 милиони евра, сега нема место ни за тест за корона-вирус

Осман Дембеле денеска не беше тестиран за ковид-19, откако сите играчи на Барселона го минаа првото тестирање за опасниот вирус.

Приказната со Дембеле е и буквално за Рипли, а 105 милиони евра вредниот трансфер на Барса не е на списокот на активни фудбалери во клубот и не беше воопшто ниту повикан на тест.

Дембеле е повреден, тоа му е константа откако пристигна во Барселона во 2017 година за сума од 105 милиони евра, плус и бонуси од околу 40 милиони евра.

Тој трансфер се случи во август 2017 година, Дембеле беше најавен како голема перспектива на клубот, но за три години одигра само педесетина натпревари за Каталонците.

Постојано го мачат повреди, а и сега е на рехабилитација по проблемот со потколеницата на левата нога. Тоа е причината да не биде на списокот на пријавени фудбалери за Ла Лига, а денеска Барселона ги тестираше само играчите што се активни и подготвени за продолжението на сезоната во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести