Што му се случува на Фурние со ковид-19: Цел месец имам вртоглавица

Еван Фурние има чудни симптоми на вртоглавица по еден месец откако му беше дијагностицирано дека има ковид-19. На почетокот на април тазе кошаркарот на Бостон селтикс мораше во карантин откако имаше позитивен тест на корона-вирус, а се врати во тимот на 23 април.

Иако оттогаш игра стандардно за новиот клуб, Фурние вели дека се чувствува чудно.

„Искрено се чуствувам чудно, но се обидувам да не мислам на тоа. Имам вртоглавици или во одредени моменти како да сум доживеал потрес на мозокот. Дури имам и проблеми со видот. Бев и на дополнителен преглед кај специјалист и ќе се обидам со посебни вежби да се вратам во нормала“, изјави Фурние.

Во февруари францускиот ас се пресели од Орландо во Бостон, но веднаш потоа му се случи малер да биде позитивен на ковид-19, а очигледно е дека сè уште чувствува проблеми, иако го прележа корона-вирусот пред повеќе од десет дена.

Пропушти 9 натпревари во процесот на рехабилитација и карантин поради ковид-19, а сега при камбекот видливи се проблемите. Фурние има просек од 7,3 поени и 3,8 скока откако се врати во тимот на Бостон, а бројките му се двојно помали од просекот во поени и скокови во однос на тие што ги имаше сезонава пред да има ковид-19.

 

- Оглас -

Најнови вести