Чудна ситуација имаше на португалското женско фудбалско дерби меѓу Бенфика и Спортинг на „Луж“, а главната судијка покажа бел картон, што е историски момент.
Ова е за првпат да има и таков картон на фудбалски меч, а го добија медицинските служби на двете екипи кои беа на терен за да ѝ помогнат на една од фудбалерките што не се чуствуваше добро.
Тоа се смета како награда, а дали ќе добијат и некаков паричен бонус за белиот картон, не се знае.
Како сатисфакција добија аплауз од повеќе од 15 илјади публика, што е рекорд за женски меч во Португалија.
https://twitter.com/B24PT/status/1616835067044577280?s=20&t=AJr7jlSjgNUkiRF1-CAvjA
Бенфика успеа да победи во големото градско дерби на Лисабон со 5:0.