Што ни донесоа натпреварите во групната фаза, дали фудбалот влегува во новата реалност во која Европа ја губи доминацијата?

Вчера завршија настапите во групната фаза на Светското првенство во Катар, а постигнатите резултати покажуваат дека фудбалот можеби влегува во „нова реалност“.

Натпреварите во изминатите 10 дена понудија доста шокантни и изненадувачки резултати, потоп на неколку европски и подем на азиските и африканските репрезентации.

Најголемото изненадување е Германија која настапите ги заврши во групата фаза и второ Светско првенство по ред, не успева да обезбеди пласман во нокаут-фазата, со што го натера Гери Линекер да ја модификува својата легендарна изјава.

„Фудбалот е едноставна игра во која 22 играчи ја бркаат топката 90 минути, а на крајот секогаш победуваат Германците“, гласи изјавата на Линекер кажана во 1990-та година откако Германија на три светски првенства по ред играше во финалето и токму на последното во Италија ја освои титулата.

Англичанецот на оваа реченица додаде уште неколку збора и тоа „ако ја поминат групата“.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1598420539474845739?s=20&t=HSBcwQqIVyvJhFZMG173og

Предвременото заминување од Катар го запали алармот во Германија која пред четири години стана првиот светски шампион што не ја поминал групата на СП, која дури сега стана дека репрезентацијата се наоѓа во сериозна криза.

Исто така големо изненадување е елиминацијата и на уште две европски репрезентации кои се во топ 10 ранг-листата на ФИФА, Данска и Белгија која на претходното СП го освои третото место.

 

https://twitter.com/espn/status/1598730977353900033?s=20&t=HSBcwQqIVyvJhFZMG173og

Дали разочарувачките резултати на Германија, Данска и Белгија навестуваат нова реалност во фудбалот, односно дали Европа ја губи доминацијата над останатите репрезентации?

Европските репрезентации триумфираа на последните четири Светски првенства, Франција во 2018, Германија во 2014, Шпанија во 2010 и Италија во 2006 година.
Но, од четирите последните шампиони, само Франција и Шпанија продолжуваат во нокаут фазата,Германија веќе ги спакува коферите, додека Италија загуби од Македонија во полуфиналето од баражот за пласман во Катар.

Групната фаза на СП во Катар покажа дека се намалува доминацијата на Европа над ривалите од другите континенти, освен вообичаеното ривалство со Бразилците и Аргентинците. Во тој контекст, очигледен е напредокот на африканските селекции (две се пласираа во осминафиналето, Мароко и Сенегал), азиските селекции (Јапонија, Јужна Кореја), Австралија, па дури и САД и Канада која по пауза од 36 години се врати на Мундијалите.

Мароко за прв пат по 36 години стигна до осминафиналето притоа станувајќи прва репрезентација што освоила седум бода во групата. Јапонија, пак, направи што до завчера беше неверојатно, победи во група со два светски шампиони, Шпанија и Германија кои притоа успеа да ги совлада со идентични 2:1.

Австралија која квалификации за СП игра во азиската зона, успеа да ја победи Данска и да и го „украде“ местото во осминафиналето.

Јужна Кореја, пак, вчера ја победи Португалија која веќе беше со мислите во нокаут-фазата и го исфрли двојниот светски шампион Уругвај.

Групната фаза покажа дека и „остатокот од светот“ со големи чекори оди напред.

- Оглас -

Најнови вести