Само нека победуваат – Белерин ќе сади по 3.000 дрва за секој триумф на Арсенал

Ектор Белерин најави одлична акција во сопствена режија и ќе сади по 3 илјади дрва за секоја победа на Арсенал до крајот на сезоната.

Бекот на Топчиите се надева дека проектот што е оригинален ќе започне од вечерва, кога Арсенал го игра првиот меч по долгата пауза поради пандемијата со корона-вирусот.

Во заостанат меч, лондонскиот клуб од 21.15 часот ќе му гостува на актуелниот шампион Манчестер сити и ако победи на дербито, Белерин веднаш ќе ги засука ракавите.

Со овој меч Арсенал има уште десет дуели за доигрување во Премиер лигата, која се рестартира денеска, а Белерин се надева дека ќе има многу победи и насадени дрва.

Арсенал сè уште е во игра и за пехарот во ФА купот и го очекува четвртфиналниот дуел со Шефилд јунајтед на 28 јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести