Што правиме сега? Двајца членови на Атлетико имаат корона-вирус!

Шок во Атлетико Мадрид. Пред патувањето во Лисабон, каде што в четврток треба да играат против Лајпциг во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони, беа тестирани сите во клубот и двајца биле позитивни. Засега не е познато дали станува збор за играчи или членови на стручниот штаб.

Ако се фудбалери, тие нема да може да играат, па со тоа се доведува во прашање и регуларноста на натпреварувањето, а ќе постои и ризик уште кај некого резултатите да бидат позитивни бидејќи имале контакт на тренинзите.

Ова прави проблем и за УЕФА. Европската фудбалска унија мора да реши каква ќе биде судбината на овој четвртфинален двобој во кој Атлетико е фаворит. Јорганџиите утре треба да отпатуваат за Лисабон, а заразените веќе се ставени во изолација.

- Оглас -

Најнови вести