Што се разговараше на вечерата меѓу газдата на Челзи и претседателот на Барселона?

Вчеравечер на аеродромот во Барселона Тод Боли, новиот сопственик на Челзи, го привлече вниманието на медиумите. Веднаш го поврзаа дека оди на преговори во каталонскиот клуб за фудбалери кои веќе се поврзуваат со двата клуба.

Боли замина на вечера со претсетаделот Жоан Лапорта, во луксузниот ресторан разговараа околу еден час, по што американскиот газда замина задоволен и без да открие многу детали.

Шпанските медиуми наводно имаат информации околу тоа што се разговарало. Познато е дека Барселона по ангажманот на Андреас Кристенсен како слободен играч од Челзи, сака да ги доведе и Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо. За нив, Барса ќе мора да плати одредена оштета, но Сините, односно Боли излезе со подобра понуда.

Двајцата шпански дефанзивци во пакет со 60 милиони евра кеш, за услугите на Френки Де Јонг. Отприлика понудата е вредна колку што Барса бара за холандскиот играч за врска, односно цената од 80 милиони евра поставена како услов за веќе заинтересираниот Манчестер јунајтед.

На Каталонците повеќе им се допаѓа понудата од Челзи, бидејќи би добиле пари и двајца искусни дефанзивци, но проблем е што Де Јонг попрво би заиграл во црвениот дрес на Ѓаволите под водство на Тен Хаг.

Засега работите остануваат неразјаснети, иднината на Де Јонг е неизвесна и тешко е да се предвиди каде ќе игра по крајот на преодниот рок. Опциите му се тие, да остане во Барселона, или трансфер во Челзи, односно Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести