Што се случува кога голманот вика „моја“ и мисли дека има контрола врз летот на топката (Видео)

Олимпик Марсеј минимално со 1:0 славеше на гости кај Лориен и со тие три бода ја задржа челната позиција на табелата во француското првенство. Екипата од Азурниот Брег до победата стигна со голот на Леонардо Балерди во 54-тата минута.

Најзаслужен за погодокот на гостите беше домашниот голман на Лориен затоа што имаше неверојатно лоша проценка. Топката леташе речиси 40 метри и паѓаше во петерецот. Голманот Нарди тргна да ја фати и делуваше дека тоа ќе биде лесна интервенција.

Сепак, во последен момент голманот реши да ги спушти рацете мислејќи дека топката ќе заврши во гол-аут. Тогаш „од никаде“ се појави Белерди, кој подметна глава и од речиси мртов агол успеа да ја сврти топката во голот.

- Оглас -

Најнови вести