Што се случува со хит-напаѓачот на Баерн? Тухел инсистираше да дојде, а играше само 20 минути

Хит-напаѓачот на Гранада, Брајан Сарагоса, налето требаше да стане нов фудбалер на Баерн Минхен, но Томас Тухел го забрза трансферот и Шпанецот уште зимава се пресели во Баварија. Целиот трансфер чинеше 18 милиони евра, а очекувањата од играчот кој дојде до претпоследната екипа во Ла Лига, се чини беа преголеми.

Трансферот се реализира зимава поради проблемите со повредите на Кингсли Коман и Серхи Гнабри, но Сарагоса доби многу мала минутажа, речиси никаква. Од шест натпревари, колку што одигра Баерн од доаѓањето на Сарагоса, Шпанецот доби само 20 минути против Бохум во оној шокантен пораз. Против Менхенгладбах, Лајпциг, Фрајбург и Лацио беше на клупата, додека дербито против Баер Леверкузен го гледаше од трибините.

Навивачите на Баерн сосема со право се прашуваат што се случува со засилувањето кое беше најавено како големо, а неговата ситуација дополнително ја комплицира фактот дека Тухел на крајот од сезоната ќе си оди, а токму тој инсистираше за негов ангажман.

Брајан Сарагоса потпиша петгодишен договор со Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести