Што се случува со Јокиќ? Катастрофален шут и трет пораз во низа за Денвер (Видео)

Кризата во редовите на екипата на Денвер продолжува, откако актуелниот НБА шампион синоќа го забележа и третиот пораз во низа, овојпат од Хјустон со 106-114 на домашен терен. Се чини српскиот кошаркар, Никола Јокиќ, е во лоша форма, а сето тоа се рефлектира и на целата екипа.

Јокиќ мечот со Хјустон го заврши со 23 поени, 16 скока и пет асистенции, но она што загрижува е кастрофалниот процент на реализација, бидејќи србинот имаше лоши 9/26 од поле. Колку за споредба, Јокиќ на минатиот натпревар против ЛА Клиперс имаше 9/32 и тука веројатно треба да се бара причината за лошите резултати на Денвер.

Лоша најава за актуелниот шампион беше и отворањето на мечот, со оглед на тоа дека Јокиќ ги промаши првите пет шута, а клучната предност за победата, гостите од Хјустон ја направија во третиот период кој го добија со 26-40.

Резултати:

Шарлот – Торонто 119-116
Орландо – Детроит 123-91
Филаделфија – Атланта 125-114
Бостон – Њујорк 133-123
Бруклин – Вашингтон 124-97
Мемфис – Минесота 103-127
Мајами – Кливленд 99-111
Оклахома – Голден стејт 138-136
Сан Антонио – Чикаго 112-121
Денвер – Хјустон 106-114
Феникс – Сакраменто 106-114
Портланд – Далас 112-125
Јута – ЛА Клиперс 103-117

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести