Навивачите на Хибернијан објавија интересно видео од нивната трибина на „Хемпден парк“ во финалето во Лига купот против Селтик, што само во 60 секунди ја покажува магијата на фудбалот и моментите на еуфорија и тага само за една минута.
Популарните Хибс поведоа во мечот за куп-пехарот со 1:0 во 51-вата минута со голот на Пол Хенлон и на трибините на „Хемпден парк“ на нивната страна имаше вистинска еуфорија.
Но, сè уште не стивна радоста на симпатизерите на Хибернијан, само една минута подоцна Селтик израмни на 1:1 со голот на јунакот во финалето, Кјого Фурухаши.
Јапонецот со уште еден гол во 72-рата минута му донесе победа на Селтик од 2:1 и нов трофеј, а како изгледаше навивачката минута, односно 60-те секунди за првите два гола од навивачки агол на трибината со навивачи на Хибернијан погледнете во видеоматеријалот:
Football. pic.twitter.com/y5RSPFSJPP
— Anthony Joseph (@AnthonyRJoseph) December 20, 2021