Што ти е судбина, на Бразил и Србија ќе им суди истиот судија од пред четири години

Селекциите на Бразил и на Србија својот прв меч на Мундијалот во Катар ќе го играат в четврток, од 20 часот, а познато е кој ќе биде главен судија и тука има нешто повеќе од случајност.

Имено, за главен судија на мечот е одреден Иранецот Алиреза Фагани, кој е еден од најискусните што ја делат правдата на Мундијалот во Катар.

Но, интересно е што токму Фагани го судеше мечот меѓу Бразил и Србија на претходното СП во Русија и на кој Кариоките славеа со 2:0.

Алиреза Фагани на претходниот Мундијалот судеше четири натпревари, во групната фаза го судеше и дуелот меѓу Германија и Мексико, покрај тој на Србија и Бразил, во осминафиналето ја делеше правдата на дуелот Франција – Аргентина, а последен натпревар му беше тој за третото место меѓу Белгија и Англија.

- Оглас -

Најнови вести