Што вели Салах – Рамос има понуда од Ливерпул

Серхио Рамос најави дека ќе си замине од Реал Мадрид, а има многу понуди од познати клубови, меѓу нив и од Ливерпул. Би било интересно да се види како ќе функционира тандемот Салах – Рамос на теренот во ист дрес и за ист клуб, по инцидентот, лани во финалето на Лигата на шампионите.

Јирген Клоп ќе има задача да ги смири двајцата извонредни играчи, ако до трансфер дојде и Рамос се пресели на „Енфилд“.

За Рамос чија откупна клаузула е неверојатни 800 милиони евра заинтересирани се и Манчестер јунајтед и Јувентус, па можно е пак да има и тандем Рамос – Роналдо во дрес на Јуве.

Двајцата освоија четири титули во ЛШ во последните пет години.

 

- Оглас -

Најнови вести