Што вели статистиката? Барселона ќе биде шампион со гаранција од 81,25 отсто

Барселона синоќа успеа со пресврт да стигне до трите бода на гостувањето кај Валенсија и да победи со 3:2. Сите пет гола беа постигнати во второто полувреме, а домаќините први погодија на „Месталја“.

Каталонскиот гигант брзо се врати во игра и со два погодоци на Меси и еден на Гризман стигна до 3:1, па прекрасниот погодок на Солер во 83 минтуа беше недоволно Валенсија да се спаси од пораз.

Со овој триумф, Барселона стигна до 74 бодови по 34 одиграни меча, но остана на третото место на табелата, зад Реал Мадрид, кој исто така има 74 бодови и лидерот Атлетико Мадрид со 76 бодови. Пеколно ќе биде во послдните четири кола за овие три екипи, но не треба да се заборави и Севилја, која вечерва со победа над Атлетик Билбао ќе дојде до 73 бодови.

Низ историјата, Барселона во 16 сезони успеала да собере 74 бодови по 34 одиграни кола и тоа најчесто било доволно за да се радува на шампионската титула. Од 16 такви сезони, Барселона дури во 13 на крајот успевала шампионскиот трофеј да го донесе на „Камп Ноу“.

Трите години кога Барселона не успеваше да биде првак со 74 освоени бода по 34 кола се 2012, 2014 и 2017 година. Процентуално, 13 титули од 16 такви сезони, значи дека Барселона треба да биде првак на Шпанија со 81,25 отсто сигурност.

Сепак, овој процент не е баш веродостоен ако се знае дека Барселона моментно е на третото место и во следното коло игра со директниот ривал Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“.

 

- Оглас -

Најнови вести