Што велите за ваков црвен картон? Нокаутираниот фудбалер е исклучен (Видео)

На мечот во Аргентина меѓу резервите на Ланус и Банфилд се случи несекојдневен момент и веројатно еден од најчудните црвени картони што се доделени во историјата на фудбалската игра.

Фудбалерот на Ланус, Криланович, беше нокаутиран со удар со топка во лицето од страна на Кардозо од Банфилд и на чуден начин беше исклучен.

По инерција од ударот, што беше одблизу и директно в лице, Криланович со сета тежина падна на ногата на Кардозо и сериозно го повреди.

https://twitter.com/ESPNFutbolArg/status/1504489183011749889?s=20&t=KhQnaeUbU0eyzxTOHkLWNA

Немаше намера, но поради тешката повреда на ривалот, Крилановиќ доби црвен картон уште во 11-тата минута од мечот меѓу резервните фудбалери на двете аргентински екипи.

 

- Оглас -

Најнови вести