Што значи борба и пожртвуваност: Левандовски со крваво стапало го заврши дуелот против Реал (Видео)

Не стивнуваат реакциите и импресиите од дуелот помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Два дена подоцна, сè уште се зборува и пишува за овој дуел. И не е чудно кога ќе се види крвавото стапало на Роберт Левандовски. Многу жар, многу борба, голема желба за победа од која дури и не забележувате дека крвта пробила и преку чорапите.

Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Роберт Левандовски, дури по натпреварот во соблекувалната забележа дека неговото стапало е крваво, но и тоа не беше пречка да се прослави победата над најголемиот ривал, победа која многу веројатно значи и титула во шпанската Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести