Штрајк во Уругвај: Фудбалерите нема да играат додека не добијат повисоки плати

Натпреварите од првата и втората фудбалска лига на Уругвај кои требаше да се играат викендов не се одиграа и тоа поради штрајкот на фудбалерите. Според секретарот на синдикатот на фудбалерите во Уругвај, платите се катастрофални и тие нема да играат се додека не добијат повисоки плати и нов колективен договор.

– “Моравме да преземеме ваков потег за да го свртиме внимание на проблемот и да постигнеме конечен договор.“ – рече Мичел Дуарте, секретар на синдикатот на фудбалерите и најави дека нема да играат додека не бидат исполнети нивните услови.

- Оглас -

Најнови вести