Штрајкот на НБА играчите ќе биде прекинат

Кошаркарите од НБА лигата одлучија да го прекинат штрајкот и да го доиграат плејофот. Синоќа немаше мечеви поради штрајкот во знак на протест против полициското насилство по убиството на Џејкоб Блејк, и систематскиот расизам во САД.

Дефинитивно не е одлучено кога ќе продолжи разигрувањето за титулата, најверојатно од утре, а не се знае и дали наредни ќе се играат мечевите кои не се одиграа или оние кои беа претходно закажани за петок.

Леброн Џејмс и Каваи Ленард беа меѓу ѕвездите кои сметаа дека сезоната не треба да се доигра, но еден ден подоцна и тие го сменија својот став, па му се приклучија на мнозинството колеги. Некои кошаркари се налутија кога Милвоки бакс синоќа реши да не игра против Орландо меџик.

- Оглас -

Најнови вести