Шумахер се чувствува добро, веднаш побарал да се јави на една личност (Видео)

Мик Шумахер со хеликоптер беше пренесен во болница, но првичните информации велат дека германскиот Ф1 возач добро поминал по страшниот судар на патеката за Големата награда на Саудиска Арабија. Мик кој е син на легендарниот Михаел со својот болид удри во ѕидот со брзина од околу 170 километри на час.

Болидот беше целосно уништен, а лекарите веднаш дојдоа да му дадат прва помош на возачот. Беше јавено дека Мик е при свест и дека зборувал со лекарите од кои веднаш побарал да се јави на неговата мајка, Корина, за да не се грижи за него.

- Оглас -

Најнови вести