Шумахер веќе не е „закован“ за креветот, почна нова фаза на рехабилитација

За десетина дена ќе се одбележат точно пет години од страшната скијачка несреќа во која тешко беше повреден Михаел Шумахер. Легенданиот седумкратен шампион во Формула 1 падна и тешко ја повреди главата додека беше на скијање во Франција, во 2013 година.

Од тој момент досега трае долгата рехабилитација на Германецот. Со години не се знаеше каква е неговата состојба, а сега стигна една позитивна вест. Сè почести се информациите дека состојбата на Шумахер полека се подобрува. Дури излезе информација дека Шуми конечно станал и од креветот.

За еднонеделен лекарски третман на Шумахер се трошат 50.000 фунти.

- Оглас -

Најнови вести