Шутер со НБА-искуство го засилува јадранскиот шампион

Црвена ѕвезда го договори Немања Недовиќ на тригодишна соработка и плата од 1,1 милион евра по сезона. Јадранскиот првак се засилува со бек кој има НБА-искуство како замена за Никола Калиниќ.

Недовиќ минатата сезона ја мина во редовите на Панатинаикос, претходно играше за Олимпија Милано, Уникаха и Валенсија. Недовиќ во летото 2013 година беше 30-ти пик на Феникс санс во првата рунда на драфот, но експресно беше трејдуван во Голден стејт, каде што мина една година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести