Шутерски рафал на Гостивар за триумф над вицешампионот МЗТ Скопје

Гостивар одигра одличен натпревар на домашен терен против вицешампионот МЗТ Скопје и триумфираше со убедливи 98:82 во рамки од 9 коло на Суперлигата. Шутерското шоу на гостиварци им обезбеди прво славје над Металци за оваа сезона, откако претходно ги загубија двата дуели во регуларниот дел и еден во Суперлигата.

Уште од самиот старт домаќините ја имаа иницијативата, а до прва посериозна предност стигнаа во воведните минути од третиот период при резултат од 47:36.  Користејќи го главното оружје, шутот за три поени, Гостивар постепено ја зголемуваше предноста најавувајќи дека ќе стигнат до границата од 100 поени, но сепак не го искористија последниот напад за да го остварат тоа.

Цел тим на Србиновски погоди 18 тројки од 36 обиди, односно 50% успешна реализација, а беа одлични и од поле (17-25 со 68% реализација).

Сегариќ и Костоски беа најефикасни со по 19 поени, а со 17 поени за победата придонесе Ефианаи, додека искусниот Тасоски заврши со 15 поени. Од редовите на МЗТ, најрасположен беше Магдевски со 17 поени, еден поен помалку постигна Иванов.

- Оглас -

Најнови вести