Шутерско шоу ќе приредат Бруклин и Далас

8436 Бруклин нетс – Далас маверикс (02:30ч)

Иако Дурант нема да игра, доволно е што на паркетот ќе бидат Ирвинг, Харден, односно на спротивната страна Лука Дончиќ, па затоа се очекува шутерско шоу во „Барклајс центарот“. Ова ќе биде прв дуел на двете екипи откако Брадата се пресели во Бруклин, а и без него последниот меѓусебен дуел на овие две екипи беше со висок број на вкупни поени.

Мрежичките се во серија од осум победи и не планираат да застана тука, додека пак и на Далас му е потребна победа бидејќи претрпе два порази во последните пет меча.

Предлог тип: >237,5 поени (1.91)

 

8181 Џоел Ембид (Филаделфија севенти сиксерс – Кливленд кавалирс, 01ч)

Ембид ја игра сезоната на кариерата и заслужено е меѓу кандидатите за МВП наградата. Откако влезе во стартната петорка во тимот Исток за Ол-стар мечот, Ембид треба да продолжи со брилјантните игри, па затоа се очекува да го надмине својот просек во поени во дуелот против Кливленд.

Кавалирс има добар центар во Џеред Ален, но тука е и Џавал Мекги, кои треба да му пружат отпор на Ембид, меѓутоа тој нема проблем да се носи и со двајцата.

Предлог тип: Ембид >31,5 поени (1.87)

 

8432 Њујорк никс – Индијана пејсерс (02ч)

Њујорк ќе продолжи со убава приказна и походот кон пласман во разигрувањата. Никси пред извесно време го вратија Дерик Роуз во своите редови, па неговото искуство е од голема корист за екипата.

Со оглед на тоа дека Индијана е во мини-серија од два порази, се очекуа Пејсерси да загубат во „Медисон сквер гарден“ иако претходно славеа во четири последователни гостувања.

Предлог тип: 1 (1.98)

 

8406 Никола Јокиќ (Оклахома сити тандер – Денвер нагетс, 02ч)

Лошо е за Денвер што почна Јокиќ да игра во променлива форма, но срспкиот Ол-стар мора да ја покаже својата величина ноќеска и да ја врати екипата на победнички патеки.

Денвер виси на осмото место на Западот со учинок 17-15, па затоа овој дуел мора да се добие бидејќи и Оклахома не е во добра форма. Малку беа 24 поени на Јокиќ во поразот од Вашингтон, затоа сега ќе оди над својата граница.

Предлог тип: Јокиќ >25,5 поени (1.85)

 

8435 Орландо меџик – Јута џез (02ч)

Јута ноќеска мора да докаже зошто е најдобра екипа по речиси половина од одиграните натпревари во регуларната сезона. Мајами им го нанесе само седмиот пораз во 33 натпревари сезонава, а сега гостуваат кај ослабениот состав на Орландо кој ги загуби последните два меча.

Јута инаку држи добар биланс против Магичните со 4-1 во последните пет меѓусебни средби, а ноќеска Џезерите треба да ја остварат четвртата последователна победа против оваа екипа и при тоа да постигнат повеќе од 114 поени.

Предлог тип: T2 >114,5 поени (1.91)

- Оглас -

Најнови вести