Шутираа 34 пенали за да се реши победникот, но далеку беа од светскиот рекорд

Фудбалерите на Тунтон таун и Труро сити мораа да изведат дури 34 пенали за да се дознае победникот во регионалниот Челинџ куп во Англија. По 90 минути, мечот заврши 2:2, а во дополнителните 30 минути двата тима дадоа по еден гол за 3:3, што беше најава за драматичен пенал-рулет.

Повеќе од половина час траеше пенал-серијата во која беа изведени 34 удари од белата точка. На крајот, играчот на Тунтон таун, Џек Рајс даде гол за радост на неговиот тим. Со овие 34 изведени пенали беше израмнет рекордот во Англија од 2016 година, кога на дуелот на екипите на Челзи У23 и Оксфорд У23 беа изведени 34 пенали.

Англискиот рекорд е далеку од светскиот, кој е поставен во 2005 година. На меч од Купот во Намибија, Палас го победи Цивик со 17:16, во пенaл-серија во која мораа да бидат изведени рекордни 48 удари од белата точка.

 

- Оглас -

Најнови вести