Швајцарија 43 години нема победа над Англија

Англија е фаворит за победа против Швајцарија, но според досегашните настапи на ЕВРО 2024, Швајцарците покажаа повеќе, и убедени се дека може да изненадат.

Доколку Англичаните не покажат поголема креативност на средината на теренот и идеја како да го загрозат противничкиот гол, тешко ќе им биде против Крстоносците кои имаат избалансиран состав и немаат пораз на ЕВРО 2024.

Историјатот на меѓусебните дуели ја фаворизира Англија. Овие две селекции се сретнале 27 пати, а „Трите лава“ имаат 18 победи, Швајцарците само три, последната на 30-ти мај 1981 година во квалификациите за Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести