Швајцарија го спречи словачкото чудо во Скопје, Македонија сигурно ќе игра во квалификациите за СП 2023

Швајцарија со многу среќа ја победи Словачка со 65:60 и заедно со Македонија веројатно ќе игра во квалификациите за настап на кошаркарскиот Мундијал во 2023 година.

Швајцарците во „Борис Трајковски“ во Скопје вечерва им се реваншираа на Словаците за поразот во првиот круг, но и опасно се коцкаа. Имаа огромна предност од 22 поени разлика, 55:33 во финишот на третиот период и потоа му дозволија на ривалот да направи чудесна серија од 23:2 и да стигне до негатива само од еден поен, 56:57.

Сепак, чудо во Скопје не се случи, Швајцарците победија со 65:60 и ќе играат во квалификациите ако утре Словачка не ја победи Македонија.

Словаците ги победија Швајцарците со 64:56 во првиот круг на турнирот, но имаат и многу убедлив пораз од Македонија со 47:69.

Македонија со победа и дури и со пораз помал од 22 поени разлика сигурно ќе биде прва во групата, а Швајцарија е поблиску од Словачка како второпласирана да учествува во квалификациите за СП 2023.

 

 

- Оглас -

Најнови вести