Швајцарија ја “уништи“ Белорусија, Турција славеше со пресврт, реми на Израел и Косово (Видео)

Репрезентацијата на Швајцарија забележа убедлива победа од 5-0 против Белорусија на неутрален терен во Нови Сад. Победникот на овој дуел беше решен уште во првиот дел, кога Ренато Штефен постигна хет-трик. Убедливиот пораз на Белорусија го запечатија Џака и Амдуни во второто полувреме, за конечни 5-0 за Швајцарија.

Репрезентацијата на Турција славеше победа со пресврт на гостувањето кај големиот ривал Ерменија со 2-1. Домашните дојдоја во водство уште во 10 минута, кога турчинот Озан Кабак си постигна автогол (видео). Во продолжение од мечот турците покажаа зошто беа фаворити на овој натпревар и со головите на Кокчу и Актуркоглу направија комплетен пресврт. (видео 1-1)

Репрезентациите на Израел и Косово одиграа нерешено, 1-1, на отворањето од Квалификациите за ЕВРО 2024. Косово дојде во водство преку автоголот на Ели Даса во 36. минута, додека конечните 1-1 беа дело на Дор Перец во 56. минута (видео).

- Оглас -

Најнови вести