Швајцарија на искуство ја совлада Грузија (Видео)

Швајцарија славеше со 2-0 на гостувањето во Тбилиси кај Грузија и веднаш им најави на ривалите од групата Д, Данска и Република Ирска, дека мора да ја сметаат за најсериозен ривал во битката за место на Европското првенство.

Швајцарците на рутински начин дојдоа до првите три бода. Не е дека домашните е предадоа лесно и без борба, Грузија беше опасна во првото полувреме, но тоа им е мала утеха, бидејќи гостите искористија две од своите шанси. Најпрвин резултатот го отвори Стивен Цубер со убаво пласиран шут во левиот долен агол, а точка стави Денис Закарија кој ја смести топката во мрежа, откако таа се одби до него по една одбрана на грузискиот голман.

Погледнете го првиот гол на Швајцарија:

https://www.youtube.com/watch?v=bg8x9N2NGvg&feature=youtu.be

Преостанатите мечеви од квлаификациите се играат од 18 и 20.45 часот.

- Оглас -

Најнови вести