Швајцарија победи со 16:1, играч со потекло од Албанија даде осум гола

Репрезентацијата на Гибралтар за играчи до 19 години постави неславен рекорд откако на три меча во квалификациите прими дури 43 гола. Во првото коло загуби со 14:0 од Австрија, потоа 13:0 од Ирска и денеска беше разнесена со 16:1 против Швајцарија.

Лорент Толај е играчот на мечот кој постигна осум погодоци. Тоа е напаѓач кој има потекло од Албанија, но игра за младата репрезентација на Швајцарија. Толај е играч кој настапува за тимот на Брајтон, а иако има само 18 години, сезонава веќе дебитираше и за У23 екипата на англискиот клуб.

Швајцарија со оваа победа заедно со Австрија се пласираа во елитната фаза од квалификациите за пласман на ЕП.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести