Швајцарски репрезентативец стана пејач (Видео)

Швајцарскиот фудбалер со хрватско потекло Јосип Дрмиќ не го остава фудбалот, но реши да заплива во пејачките води и сними песна и спот.

Дрмиќ, кој е член на англискиот Норвич, каде што дојде летово, а има играно за Баер Леверкузен, Хамбургер, Нирнберг, Цирих и Борусија Менхенгладбах, ја објави песната No Tomorrow, а спотот е снимен во Хрватска.

Публиката во Хрватска и по лошо го памети 27-годишниот Дрмиќ, бидејќи во 2014 година на пријателски меч даде два гола за Швајцарија против Хрватска.

Видете и слушнете како Швајцарецот се снаоѓа со пеењето:

- Оглас -

Најнови вести