Швајцарското обвинителство поднесе жалба на ослободителната пресуда за Блатер и Платини

Швајцарскиот федерален обвинител поднесе жалба на ослободителните пресуди на поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, и поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, кои беа обвинети за корупција.

Швајцарскиот федерален кривичен суд во јули годинава ги ослободи Блатер и Платини по седумгодишна истрага, што резултираше со нивно протерување од спортот.

Судијата рече дека нивниот „џентлменски договор“ со кој ФИФА, која во тоа време беше предводена од Блатер, треба да му плати два милиони швајцарски франци на Платини за консултантски услуги е веродостоен и дека постојат сериозни сомнежи во врска со наводите на обвинителството дека се работи за лажна исплата.

Обвинителите на изрекувањето на ослободителната пресуда за Блатер и Платини, изјавија дека ќе ја испитаат писмената пресуда пред да одлучат дали ќе поднесат жалба против поранешните претседатели на ФИФА и УЕФА.

„Потврдуваме дека Швајцарското федерално обвинителство поднесе жалба до Жалбениот совет на Федералниот кривичен суд во законскиот рок и побара првостепената пресуда да биде целосно поништена“, порача швајцарскиот федерален обвинител.

- Оглас -

Најнови вести