Швајцарците како да не знаат дека им треба убедлива победа

Швајцарија не успеа да им даде гол на Бугарите во првото полувреме, резултатот е 0-0, па за Крстоносците остануваат уште 45 минути да победат, и тоа што е можно поубедливо ако сакаат директен пласман на СП.

Швајцарија има за два гола послаба гол-разлика од Италија и мора да победи убедливо или да чека кикс на Аѕурите, кои исто така по првиот дел имаат 0-0 на гостувањето кај Северна Ирска.

Швајцарците напаѓаат, имаа и четири шутеви во рамките на голот, но во 100-тиот меч на Џердан Шаќири за репрезентацијата засега нема гол. Ако остане така, Швајцарија оди во бараж, а Италија директно на СП во Катар.

- Оглас -

Најнови вести