Швајцарските прволигаши не сакаат македонско сценарио – Ќе ја доиграат сезоната од 20 јуни

Швајцарските клубови го одбегнаа македонското сценарио и со убедливо мнозинство одлучија да не ја прошират Првата лига од 10 на 12 клубови за идната сезона.

Од вкупно 20 клуба кои играат во Првата и во Втората швајцарска лига, дури 17 гласаа за да се доигра сезоната 2019/20, што ќе се рестартира на 19 јуни.

На тој датум ќе има камбек на второлигашите, а еден ден подоцна пак ќе играат и членовите на најквалитетното натпреварување, прволигашите.

И во двете лиги треба да се доиграат уште по 13 кола, а шампионатите ќе завршат на втори август. Натпреварите и во двете лиги ќе се доиграат без присуство на публика на стадионите.

Моментно во Првата лига лидер е Сент Гален со 45 бода, исто колку што има и Јанг бојс, а третопласиран е Базел со 40 бода.

Во Втората лига Лозана е убедливо на првото место со 52 бода, 15 повеќе од двоецот Вадуц и Грасхоперс и е многу блиску до промоција во нов прволигаш.

- Оглас -

Најнови вести