Шведска 16 меча не знае за нерешено, на Велс – Албанија нема да има многу голови

6752 Шведска – Ерменија (20:45 ч.)

Последна контрола на Шведска пред патот на Европското првенство и сигурно ќе сакаат со триумф да се пријават на големиот настан. Делува чудно, но Шведска дури 16 меча не знае за нерешено (10 победи и шест порази), а дуелот против Ерменија е вистински тест, ако се знае дека Ерменците се во одлична форма.

Ерменија е изненадувачки лидер во група од квалификациите за СП пред Македонија, Германија и Романија. Девет средби не знаат за пораз (шест победи и три нерешени), а пред неколку дена успеаа да одиграат 1:1 на гости кај Хрватска.

Предлог тип: ГГ3+ (2.45)

 

6712 Русија – Бугарија (18 ч.)

Русите не може да се пофалат со добри резултати, па имаат само две победи во последните 10 меча. Сепак, ако некој е со послаба форма од нив, тоа е Бугарија која во 13 последни средби има дури осум порази и само една победа.

На пет од последните шест меча, Русија и дава и прома барем по еден гол и дури пет од тие шест средби завршиле со барем три погодоци.

Предлог тип: Т11+I & 1+ II (2.65)

 

6751 Велс – Албанија (18 ч.)

Овие две селекции досега одиграле три натпревари и сите три завршиле со максимум два погодоци. Стилот на игра на Албанија е да игра цврсто и главна цел е да не прими гол, па затоа и на осум од последните 11 средби кога играла, било 0-2 гола.

Велс во последните 18 дуели има само три порази и тоа се од големи фаворити како Франција, Белгија и Англија, додека во останатите 15 меча не загуби. Реално, Велс сега не треба да киксира, но не треба да се очекуваат многу погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.01)

 

6710 Тунис – ДР Конго (21:30 ч.)

Контролен меч меѓу две добри селекции од африканскиот континент. Тунис игра одлично и има осум победи и три нерешени во последни 11 дуели, а Конго реално има послаб состав. Тоа што е интересно кога играат овие репрезентации е дека најчесто има повеќе погодоци, нешто што не е својствено за африканските селекции.

Со 3+ завршиле шест од последните осум меѓусебни дуели, па и сега може да очекуваме отоврена игра и победа на Тунис.

Предлог тип: 1-1&3+ (4.65)

 

1311 Алмерија – Џирона (21 ч.)

Реванш меч од полуфиналето за пласман во Примера дивисион. Џирона има одлична предност од 3:0 стекната по првите 90 минути и само чудо може да се случи да не игра во финалето за влез во елитната лига.

Џирона нема пораз на последните девет дуели и нема да си дозволи луксуз сега да киксира. Од друга страна, Алмерија мора да тргне на се или ништо и од првата минута да нападне. Ако брзо падне погодок, може да се очекува и драма до крајот.

Предлог тип: 2-4 (1.55)

 

- Оглас -

Најнови вести