Двете бронзи се преточија во злато, Канада во пенал рулет ја победи Шведска

Канада е нов олимписки првак во фудбал во женска конкуренција, откако во драматична пенал серија ја победи Шведска со 3:2.

Ви регуларниот дел беше 1:1 со головите на Блекстениус за Шведска и на Флеминг за Канада. Канаѓанките по две бронзи освоени во 2012 и во 2016 година, конечно станаа олимписки шампионки.

Аслани го промаши првиот удар во пенал серијата, а по неа Флеминг покажа дека е одлична во изведувањето на удари од белата точка и погоди по вторпат во финалето од 11 метри, откако тоа го стори умешно и во регуларниот дел на мечот.

Бјорн израмни на 1:1, за комплетен егал, бидејќи по неа за Канада пенал промаши Лоренс. Шведска поведе со 2:1 со погодокот на Скоф, а пречката беше пречка за Жиле.

Драмата продолжи откако Лабе и го одбрани ударот на Анвегард, па останаа последните три удари за да се одлучли новиот олимписки шампион. Линдал беше хероината на Шведска бидејќи одбрани нов удар од белата точка што го изведе Леон, но Сегер не успеа да бие прецизно, па остана 2:1 за Шведска пред последниот удар во пенал рулетот.

Ривие беше ладнокрвна и погоди за 2:2 по пет серии пенали, па драмата во Токио продолжи. Андерсон не успеа да ја совлада Лабе, по што Гросо погоди за златен медал за Канада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести