Шведска маршира кон ново полуфинале на ракометно ЕП

Швеѓаните дадоа 40 голови против Португалија, и со победата од 40-33, освоија два клучни бода во трката за пласман во полуфиналето на Европското првенство во ракомет кое се игра во Германија.

Лукас Пелас со 10 гола беше најефикасен поединец во победничкиот тим. Актуелниот европски првак во последното коло игра со Норвешка, и за место во полуфиналето доволен ќе им биде и само еден бод.

Данска вечерва игра со Норвешка, и ако победи, и официјално ќе стане јасно дека ова оваа група полуфиналисти на ЕП 2024 ќе бидат Данска и Норвешка.

- Оглас -

Најнови вести