Шведска е недостижна за Македонија

Шведска повторно беше пресилна за македонските ракометни репрезентативки и во третиот меч за кус период нè победија вечерва со 35:26.

Во првиот квалификациски меч за настап на ЕП во рамките на петтата група домаќинките беа многу подобри и лесно нè победија.

По првото полувреме мечот беше решен, а Швеѓанките заминаа на пауза по половина час игра со предност од 20:13.

Во второто полувреме избраничките на Симе Симовски одиграа подобро, но сепак беа во негатива од два гола и на крајот загубија со 9 гола разлика.

Следниот меч од квалификациите ќе го играме за два дена, на домашен терен со Чешка.

- Оглас -

Најнови вести