Шведската легенда не може веќе да се бори против хулиганите

Легендата на шведскиот фудбал Хенрик Ларсон не сака веќе да се бори против хулиганите и си замина од кормилото на прволигашот Хелсингборг.

Само по 8 меча во кои го предводеше клубот, Ларсон успеа да го извади Хелсингборг од опасната зона, но и загуби во квалификациите во националниот куп од третолигашот Оскаршамнс, што ја прели чашата.

Хелсинборг има голем број симпатизери, дел од нив и многу познати на ултрас сцената, а пред три години влегоа во опасен конфликт со Ларсон. Го нападнаа, но тогашниот тренер на клубот не им се исплаши им возврати, па се одлучија да му се одмаздат со атак кон неговиот син.

Сè се случи по поразот од Халмштад пред три години, кога во директна битка за опстанок, Хелсинборг во последните десеттина минути прокоцка предност од 1:0, загуби со 1:2 и испадна од Првата лига. Џордан Ларсон, синот на Хенрик, играше на тој меч, а го нападнаа маскирани хулигани.

Сега повторно навивачите му се закануваа на Хенрик по елиминацијата од третолигашот, па тој одлучи да крене раце по вторпат како тренер на Хелсингборг.

- Оглас -

Најнови вести