Шведски клуб во транс, се засилува со исландскиот талент кој стрелаше против Македонија

Шведските медиуми добија прилика да пишуваат вест што тешко дека ќе им се повтори во блиска иднина. Клубот Норкопинг пазарува од Реал Мадрид, тимот ќе го засили талентираниот исландски голгетер, Андри Лукас Гудјонсен, со кого е договорена четиригодишна соработка.

Ако презимето ви звучи познато, тоа е затоа што Андри е син на Ејдур Гудјонсен, исландската легенда и некогашен напаѓач на Челзи и Барселона. Андри има 20 години и досега настапуваше за младинскиот тим на Кралевите, а сега се пушта во сениорски предизвик во шведското првенство.

Инаку, Гудјонсен лани во мундијалските квалификации го забележа дебитантскиот гол за Исланд токму против Македонија. Беше сценарист на камбекот на домаќините од 2-2 кога нашите репрезентативци имаа двојна предност.

- Оглас -

Најнови вести