Швеѓаните докторираа за тесни победи

Ракометната репрезентација на Шведска и третпат по ред победи во неизвесен меч на олимпискиот турнир. Овојпат Шведска со 29:28 ја победија Португалија, во меч на кој Викинзите сами беа виновни што победија само со еден гол.

Првото полувреме беше неизвесно, па по 30 минути, двете екипи постигнаа по 14 голови. Неизвесно беше со 24:23, а потоа во завршницата Шведска заигра многу подобро и со серија од 5:2 стигнаа до висока предност од 29:25. Во финишот на средбата, Португалија даде три гола, но не успеа да се спаси од пораз.

Шведска во првото коло со 32:31 го победи Бахреин во меч на кој противниците промашија пенал во последната секунда. Во второто коло Шведска со 28:26 славеше и над домаќинот Јапонија, па со три победи од три меча се сигурни патници во нокаут-фазата.

Во останатите два меча кои се одиграа утрово, Данска без проблеми со 31:21 го победи Бахреин, а Египет со 33:29 славеше над домаќинот Јапонија. Денеска ќе играат уште: Норвешка – Аргентина (9:15 ч.), Бразил – Шпанија (12:30 ч.) и Франција – Германија (14:30 ч.).

 

- Оглас -

Најнови вести