Швеѓаните загубија од моќната Норвешка, па се тешат дека примиле малку голови

Норвешка ја совлада Пведска со 23-20 и остана со максимален безгрешен учинок досега на Европското првенство во ракомет за мажи. Сагосен со 8 гола беше најефикасен кај Норвежаните, кои против себе ја имаа и публиката во Малме, но тоа не им пречеше многу да го добијат првото полувреме со 12-8, и на крај да извојуваат рутинска победа.

Од шведскиот тим после мечот порачаа дека се задоволни што ја запреле Норвешка на само 23 гола, што е најслаба ефикасност на Норвежаните на ова ЕП. Во групата 2, Норвешка е лидер со 6 бода, а Унгарија и Словенија имаат по 4. Во послелдните две кола, Норвешка треба да игра со Исланд и Словенија.

- Оглас -

Најнови вести