Швјонтек има три цели во финалето на Ролан Гарос – Да ја врати титулата, го брка рекордот на Венус Вилијамс и ја носи Полска во Топ-10

Ига Швјонтек ќе игра во финалето на Ролан Гарос против дебитантката во гренслем мечевите за титулата Коко Гоф и има три цели.

Првата е најважна, а тоа е да го врати пехарот во својата колекција, откако пред две години ја победи Американката Софија Кенин со 6:4, 6:1 и стана гренслем шампионка.

Втората цел е да го израмни неверојатниот рекорд на Венус Вилијамс со 35 победи по ред, што Американката го нанижа во 2000 година.

Швјонтек по победата денеска против Дарија Касаткина со 6:2, 6:1 има серија од 34 победи, па ако биде подобра од Гоф ќе слави и шампионска круна и израмнување на блескав рекорд.

Ако и успее да ја надигра 18-годишната Американка во финалето во сабота, Ига ќе ја искачи Полска во Топ-10 по бројот на женски титули на Ролан Гарос.

Засега само таа е шампионка од Полска во Париз, а така ќе остане и ако пак победи, но нејзината земја ќе биде на делба на десеттото место со Романија, со по две титули на Ролан Гарос.

Гоф за првпат игра гренслем финале по победата со 6:3, 6:1 против Мартина Тревизан.

 

- Оглас -

Најнови вести