Швјонтек подобра од Сабаленка и за титулата и првото место на ранг-листата ќе игра против Пегула

Полската тенисерка Ига Швјонтек славеше со 6:3,6:2 над Арина Сабаленка во полуфиналето на завршниот ВТА мастерс-турнир кој се одржува во Канкун, Мексико, и си обезбеди меч за титулата.

Во финалето, каде што освен титулата, влог за Швјонтек е и првото место на ВТА ранг-листата, ќе игра против Џесика Пегула од САД, која во второто полуфинале ја совлада сонародничката Коко Гоф со 6:2,6:1.

Доколку во финалето победи Американката, тогаш годината како прва светска тенисерка ќе ја заврши Сабаленка.

„Чуствувам дека првото место сè уште е далеку бидејќи финалниот меч ќе биде најтежок. За тоа може да се зборува по финалето, а јас ќе продолжам да го правам тоа што го правев и изминатите денови“, изјави Швјонтек.

- Оглас -

Најнови вести