Си го купи голот што го бранеше пред 8 години, вели ќе му се вклопи одлично во градината

Ник Поуп си го купи голот што го бранеше пред 8 сезони, а се работи за убав спомен од времето кога беше чувар на мрежата на нисколигашот Јорк сити.

Клубот по 89 години се сели на нов стадион, па ги распродава по пат на аукција дел од симболите на стариот стадион. Поуп кој бранеше за Јорк во сезоната 2013/14 одлули да учествува на аукцијата и успеа да победи во трката за комплетната рамка на едниот гол.

„Се уште не знам како ќе го пренесам до дома. Ме прашувате зошто го купив? Па, одлично ќе ми се вклопи во градината дома“, понуди интересен одговор сегашниот голман на премиерлигашот Барнли.

Поуп бранеше на 24 меча за Јорк сити, потоа беше член и на Бјури, а потоа стана член на Барнли и таму брани од 2016 година.

 

- Оглас -

Најнови вести