Си оди играчот кој три години не одигра ниеден меч, а неделно добиваше 35.000 фунти

Пред само два дена, Астон вила победи во најскапиот меч на сите времиња. Тимот од Бирмингем со 2:1 го победи Дерби каунти, во финалето од плејофот за влез во Премиер лигата и на тој начин си заработи 170 милиони фунти. Сега, Астон вила повторно има причини за задоволство. Од клубот ќе си оди фудбалерот кој три години не одигра ниту една минута, а неделно добиваше 35.000 фунти.

Мика Ричардс е играчот кој од октомври 2016 година нема одиграно ниту еден меч за Астон вила. Дефанзивецот дојде во Бирмингем во 2015 година од тимот на Манчестер сити. Во првата сезона одигра 28 меча, но Астон вила испадна од Премиер лигата.

На почетокот на новата сезона, Ричардс одигра два меча, а потоа се повреди. Една по друга, повредите се редеа и дефанзивецот никако не успеа да се врати на терен.

„Повредите ме спречија да покажам многу повеќе. Давав 100 отсто, но имав ментална блокада“, вели 30-годишниот Ричардс, кој се обидуваше да се врати, но без успех.

Додека седеше надвор од теренот, Астон вила секоја недела на Ричардс му ја исплаќаше платата од 35.000 фунти и така тоа траеше три години. На крајот од јуни, неговиот четиригодишен договор истекува и Астон вила ќе се ослободи од плаќање за играчот кој никогаш не одработи ни 30 отсто од тоа што му беше исплатено.

 

- Оглас -

Најнови вести