Си замина на голем одмор и даде два гола за победа во купот, а оправданието кое го доби е хит (Фото+Видео)

Стефан Марчетиќ кој завчера со два гола му донесе победа на Борац Бања Лука, утрово кога замина на училиште, не очекуваше што ќе се случи, пред Политехничкото училиште го пречекаа како херој, а доби и торта.

Марчетиќ е 17-годишно момче кое оди во втора година средно училиште, а со два постигнати голови на „Кошево“ во Сараево, го однесе Борац во полуфинале на Купот на БиХ.

„Секоја им чест. Ме изненадија. Им благодарам од срце на моите школски другари, класниот, сите професори и директорката за дочекот и што имаат рабирање за моите фудбалски обврски. Сега ќе мора да им се оддолжам со нови голови и добри оценки во дневникот“, рече Стефан.

Инаку, беше објавено и оправданието кое од Борац го напишаа за изостанувањето од настава на Стефан. Оправданието е оригинално и стана хит.

„Ученикот Стефан Марчетиќ изостана од настава на 13-ти март, затоа што излезе на голем одмор да даде два гола и да го одведе Борац во полуфинале“, стои во оправданието потпишано од директорот на клубот од Бања Лука.

Еве како изгледаше денешното пристигнување на Марчетиќ на училиште:

- Оглас -

Најнови вести