Си замина Прандели, Пандев се навикна да биде резерва

Горан Пандев и третпат во новата сезона во Серија А ќе биде резерва за Џенова, денеска на дуелот против Аталанта од 12.30 часот.

Откако си замина Чезаре Прандели, популарниот Гоче не бил стартер, но и за него и за соиграчите е најважно што Џенова игра добро и има 4 бода без пораз поо две кола.

Под команда на Аурелио Андреацоли Пандев обично влегува во игра во второто полувреме, а Џенова денеска ќе биде пред сериозен испит против ланскиот хит во Серија А, Аталанта.

Пандев е еден од ретките играчи во Серија А што е се уште активен, а има над 400 натпревари во Калчото.

 

- Оглас -

Најнови вести