Сибирската мачка се одјави – Марија Шарапова ја заврши тениската кариера

Девојчето со кики што го смени светот на тенисот со победата на 17-годишна возраста на Вимблдон против Серена Вилијамс денеска му кажа збогум на тенисот.

Марија Шарапова на 32-годишна возраст се прости од прекрасната игра во која имаше многу успеси и во која остави траен белег со своите настапи.

Шарапова има пет Гренд слем титули, и тоа најмалку по една од сите четири најценети тениски турнири на светот, во Мелбурн на Отвореното првенство на Австралија, на Ролан Гарос во Париз, во Лондон на Вимблдон и во Њујорк на Отвореното првенство на САД.

Со начинот на игра, со успесите, но и со уникатниот стил Шарапова имаше големо влијание на тениската игра од почетокот на овој милениум до крајот на кариерата што го најави денеска, на 32-годишна возраст.

- Оглас -

Најнови вести