Сибирската мачка се уште е омилена ѕверка кај тениските фанови (Видео)

Марија Шарапова се уште е голема тениска ѕверка, иако неодамна објави крај на кариерата, а го потврди тоа со видео на Инстаграм.

Популарната Сибирска мачка се дружеше со своите обожаватели преку социјалните мрежи и беше изненадена од интересот.

Шарапова се уште е меѓу најпопуларните спортистки на светот и има 3.9 милиони луѓе што ја следат на Инстаграм, и уште трипати повеќе на сите социјални мрежи заедно.

На 26. февруари руската тенисерка објави дека ја завршува кариерата, а има со што да се пофали, Победи на сите четири грендф-слем турнири и има вкупно пет титули во Мелбурн, Париз, Лондон и Њујорк, има олимписко сребро од Игрите во Лондон во 2012 година и вкупно 36 ВТА титули.

 

- Оглас -

Најнови вести