Полноќна сигурица: Бразил ќе победи во меч на кој ќе има барем четири гола

Пред две години, Бразил и Перу играа во финалето на Копа Америка, а Кариоките не дозволија изненадување и на крајот стигнаа до трофејот победувајќи со 3:1. Сега, како актуелен бранител на континенталниот трон, Бразил на свој терен игра против Перу, овојпат во полуфиналето на Копа Америка.

Овие две репрезентации беа заедно и во групната фаза, а Бразил победи со 4:0, но два гола даде во последните две минути од мечот. Со оваа победа од 4:0, Бразил само ја продолжи традицијата од последните четири триумфи над Перу, а тоа е да има барем четири погодоци. Останатите две победи се со 4:2 и 5:0.

Во последните 10 средби на овие две селекции, Бразил има осум триумфи, а двапати се радувал Перу. Нерешено последен пат било на дуелот одигран во ноември 2007 година, кога било 1:1. Меѓу себе играле вкупно 50 пати, а билансот е 35 победи за Бразил, 10 нерешени средби, а Перу се радувал само петпати.

 

- Оглас -

Најнови вести